„Кралевите“ не го освоија Сан Себастијан

Реал Мадрид со реми без голови на гости против Реал Сосиедад ја почна одбраната на шампионската титула во Ла Лига. „Кралевите“ имаа неколку изгледни шанси, но реализацијата не беше на потребното ниво.

Карим Бензема ја имаше најубавата шанса за Реал Мадрид, но не беше прецизен. Тибо Куртоа беше на висина на задачата на голот на шпанскиот првак.

Тренерот Зинедин Зидан му даде шанса од стартот на Мартин Одегард во средниот ред, а дебитираше и младиот Марвин.

Се вчитува...