„Кралевите“ останаа без муниција против Кадиз (ВИДЕО)

Реал Мадрид не успеа да стигне до победа против Кадиз откако одигра без голови 0-0 на домашен терен во натпревар од 18. коло во шпанската Ла лига.

Иако доминираа со натпреварот, имаа неверојатен посед на топката од 82 отсто и упатени 23 шута кон голот на Кадиз, гостинот храбро успеа да се одбрани и да му одземе два важни бода на големиот фаворит во борбата за титулата со Севилја.

Реал останува на првото место на табелата со 43 бода, односно шест повеќе од второпласираната Севилја која има и натпревар помалку.

 

 

Се вчитува...