„Кралевите“ се друга европска димензија – ПСЖ треба уште да расте

Европскиот првак Реал Мадрид ја продолжува одбраната на круната во Лигата на шампионите, пласирајќи се во четвртфиналето, по елиминацијата на Пари Сен Жермен. „Кралевите“ и во Париз го совладаа ПСЖ со 1-2 и сосема заслужено го продолжуваат патот во елитното европско натпреварување.

Тимот на Зинедин Зидан беше поопасен и во првото полувреме, кога шанси имаа Серхио Рамос и Карим Бензема, но го казнија домаќинот во вториот дел. Кристијано Роналдо во 51.минута го доведе Реал Мадрид во водство со удар со глава по центаршутот на Лукас Васкез.

Марко Верати во 66.минута заработи црвен картон, но пет минути подоцна Единсон Кавани сепак успеа да израмни.

Реал Мадрид стигна до триумф со погодокот на Кашемиро во 80.минута од средбата. Тој се одлучи да шутира од 16 метри, топката удри во Рабио, и го измами Ареола.

Се вчитува...