„Кралевите“ со пресврт по продолженија до триумф над Атлетико и полуфинале во Купот (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето на Купот на Шпанија откако во четвртфиналната пресметка со пресврт и по продолженија славеше со 3-1 против Атлетико Мадрид.

„Кралевите“ најпрво од елиминација се спасија со прекрасниот гол на Родриго во 79. минута од средбата, откако претходно Атлетико Мадрид долго време чуваше водство од 0-1 по голот на Мората уште од 19. минута.

Но, Реал во самиот финиш си обезбеди продолженија, а таму во 104. минута Карим Бензема донесе водство од 2-1, за да Винисиус во 121. минута ги постави конечните 3-1.

Покрај Реал Мадрид во полуфиналето на Купот претходно место си обезбедија и Барселона, Осасуна и Атлетик Билбао.

Се вчитува...