„Кралевите“ со рутинска игра до нова победа

Реал Мадрид повторно се оддалечи од ривалите во трката за титулата, триумфирајќи со 3-0 над Реал Сосиедад и максимално користејќи ги поразот на Севилја и ремито на Барселона викендов во Примера дивизион.

Избраниците на Зинедин Зидан не одиграа премногу спектакуларно, но максимално ги искористија шансите што ги создадоа и дојдоа до планираните бодови. Ковачиќ со својот прв гол сезонава го отвори резултатот, а хрватскиот ас во второто полувреме му асистираше на Роналдо за вториот погодок на Реал. Конечните 3-0 ги постави Мората, кој по влегувањето во игра одлично се снајде по центаршутот на Васкез и го матираше гостинскиот голман.

Реал Мадрид со оваа победа има по четири бода повеќе од Севилја и од Барселона, воедно и натпревар помалку (на гостински терен против Валенсија).

Mateo Kovacic Goal HD – Real Madrid 1-0 Real… by whatfootball

Gol De Cristiano Ronaldo – Real Madrid 2 x 0… by alanpereirafutgol

Alvaro Morata Goal HD – Real Madird 3-0 Real… by Live1Goals

Се вчитува...