„Кралевите“ стравуваат за повредата на Азар

Реал Мадрид испушти победа против ПСЖ играјќи 2-2, иако имаше два гола предност на десетина минути пред крајот на мечот. Но, тренерот Зинедин Зидан најмногу од се го загрижува повредата на Еден Азар. Тој заработи повреда на десниот скочен зглоб и беше заменет во 68.минута. На негово место во игра влезе Герет Бејл.

„Загрижен сум за Азар. Не е само удар, туку и го изврте зглобот. Ќе видиме за каква повреда се работи“, изјави Зидан.

Белгиецот сериозно го повреди десниот скочен зглоб и заработи фрактура во 2017 година при настап за националниот тим.

Се вчитува...