„Кралевите“ убедливо против Баерн Минхен

Кошаркарите на Реал Мадрид дојдоа и до втората победа во 6. коло од новата сезона во Евролигата. „Кралевите“ на домашен терен убедливо победија со 100-82 против Баерн Минхен.

Шпанците одиграа одличен натпревар доминирајќи од самиот почеток. Уште во првиот период од мечот се стекнаа со десет поени предност, која низ продолжението дополнително само се зголемуваше за заокружени плус 18 поени на крајот.

Најефикасен во победата на Реал беше Џејси Керол со 19 поени, а Треј Томпкинс натпреварот го заврши со 16 поени. Болдвин со 18 поени беше најефикасниот во составот на Баерн Минхен.

Се вчитува...