„Кралевите“ урнаа рекорд на Светските првенства

Можеби зад Реал не е успешна сезона, но нивните играчи испишаа историја на Светското првенство.

И покрај тоа што ниту еден шпански играч од „кралскиот клуб“ не настапува на Светското првенство, странските фудбалери на Реал доминираат. Белингем во саботата ја предводеше Англија до полуфиналето, а Мбапе веќе е таму со Франција.

Двајцата заедно постигнаа 14 гола на овој турнир, а кога на тоа ќе се додадат четирите гола на Винисиус за Бразил и едниот гол на Арда Ѓулер за Турција, се достигнува рекорд на Светското првенство.

Со вкупно 19 гола, играчите на Реал Мадрид испишаа историја, соборувајќи го рекордот што го држеа Хонвед (1954), Баерн (2014) и ПСЖ (2022) со 18 гола постигнати од нивни играчи на едно Светско првенство.

Се вчитува...