„Кралот“ го надмина Џордан и стана милијардер

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс благодарение на „Спејс Џем 2“ го премина Мајкл Џордан по остварените примања во текот на играчката кариера и ја надмина сумата од милијарда долари. Популарниот „Ем-Џеј“ е „тежок“ повеќе од две милијарди долари, но поголемиот дел од таа сума ја оствари по завршување на НБА кариерата.

Од почетокот на кариерата во најсилната кошаркарска лига Џејмс заработи 330 милиони долари од договори, а останатиот дел доаѓаат од спонзорствата. Некои од компанииите кои ги спонзорира „Кралот“ се Битз, Блејз пица, Најк, Пепси и Волмарт.

Со ова Леброн Џејмс влезе во елитно друштво кои до „милијарда“ стигнале во текот на професионалните кариери како Тајгер Вудс, Флорд Мејведер, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роџер Федерер.

Се вчитува...