„Кралот“ Леброн како најстар му одржа лекција на најмладиот играч во НБА, Дурант пресилен за Јокиќ и Денвер (ВИДЕО)

Леброн Џејмс со своите 39 години играше против најмладиот кошаркар во НБА, 19-годишниот Грегориј Џексон и му демонстрираше каков е мајстор на кошарката.

Џејмс постигна 23 поени, со 14 скока и 12 асистенции во гостинската победа од 124-136 против Мемфис, со „трипл-дабл“ ефект кој го издвои во прв план. Лејкерс до победата дојдоа и без Ентони Дејвис, а кај Мемфис се издвои Дезмонд Бејн со 26 поени и 16 асистенции.

Никола Јокиќ, пак, запиша „дабл-дабл“ во поразот на Денвер на свој терен од Феникс од 97-104.

Кевин Дурант едноставно беше незапирлив за Денвер со 30 поени и 13 скока, а Девин Букер дополни со 17 поени. Никола Јокиќ, на спротивната страна, мечот го заврши 22 поени, 9 скока и 10 асистенции.

Во одличен меч и по продолжение Хјустон на гостински терен ја совлада Оклахома со 126-132. Џејлен Грин брилјираше кај Хјустон со 37 поени, девет скока и седум асистенции, а Амен Томпсон имаше 25 поени и 15 скока. На спротивната страна, Џош Гидеј постигна 31 поен, а Џејлен Вилијамс мечот го заврши со 23 поени и 10 асистенции.

Се вчитува...