„Кралот“ оди кон титулата испишувајќи историја

Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс се на чекор до освојување на титулата во НБА лигата по победата број три во финалната серија против Мајами. Во триумфот, Леброн запиша 28 поени и 12 скока, но на овој натпревар дојде и до две историски бројки.

Тој стана петтиот играч во историјата на Лигата според бројот на настапи во НБА финалињата. За него овој натпревар беше 53. финален во кариерата.

Дополнително, „кралот“ напредуваше и на вечната листа изведувачи слободни фрлања. Сега е на четвртото место зад Џери Вест, Бил Расел и зад Меџик Џонсон. Леброн дојде до бројката од 278 изведени слободни фрлања.

 

 

 

 

Се вчитува...