„Кралот“ се поблиску до Абдул-Џабар: Леброн ја надмина бројката од 38 илјади постигнати поени

Леброн Џејмс изминатата вечер во натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Филаделфија стана вториот кошаркар во историјата на НБА лигата кој успеа да ја надмине границата од 38.000 постигнати поени. „Кралот“ кој мечот го заврши со 35 поени, 10 асистенции и 8 скока подвигот го направи во првата четвртина со реализација на обид за три поени.

За многумина и најдобриот играч во историјата на НБА лигата моментално брои вкупно 38.024 постигнати поени и само е знак прашање кога ќе го престигне Карим Абдул-Џабар на врвот на вечната листа. Рекордот кој го држи Абдул-Џабар изнесува 38.387 постигнати поени.

Се вчитува...