„Кралот“ се врати со стил, братскиот дуел му припадна на Стеф Кари

Откако Леброн Џејмс преседе еден натопревар поради суспензија се врати на кошаркарските терени и тоа со стил, предводејќи ги Лејкерс со 39 поени, 6 асистенции и 5 скока во победата од 116-124 по продолжение на гостувањето кај Индијана. Него го следеше Расел Вестбрук со 20 поени, 7 скока и 5 асистнеции, додека кај противничкиот тим се истакна Брогдон со 28 поени и 8 скока.

Стеф Кари беше лидер на Голден Стејт во победата од 116-96 над Филаделфија. Бекот натпреварот го заврши со 25 поени и 10 асистенции што беше доволно за Вориорс да ја запишат 16. победа во сезоната. Во противничкиот табор најрасположен беше неговиот брат, Сет Кари кој мечот го заврши со 24 поени.

Убедлива победа забележа и Бруклин кој гостувањето кај Бостон го доби со 104-123. До 14. победа во сезоната „црно-белите“ ги предводеше Пати Милс со 23 поени, а него го следеше Дурент со 21 поен и 8 асистенции. Кај домаќините Маркус смарт постигна 20 поени, а додаде и 8 асистенции.

Се вчитува...