„Кралска доминација“ во тимот на годината, ги нема Нејмар, Салах, Де Бруин…

Реал Мадрид сосема очекувано е најзастапен во „олстар-тимот на годината“, во изборот на здружението на професионални фудбалери ФИФПро.

„Кралевите“ имаат пет фудбалери кои се закитија со последната шампионска титула во ЛШ, од кои четворица се уште се дел од мадридскиот гигант, додека Кристијано Роналдо си замина во Јувентус. Покрај Роналдо тука се Модриќ, Варан, Рамос и Марсело.

Килијан Мбапе доби место во идеалниот напад крај Роналдо и Меси, а интересно е што таму немаше место за неговиот соиграч Нејмар, како и за Мохамед Салах.

„ТHE BEST“ – ТИМ НА ГОДИНАТА

Давид де Хеа

Дани Алвеш

Рафаел Варан

Серхио Рамос

Марсело

Лука Модриќ

Нголо Канте

Еден Азар

Лионел Меси

Кристијано Роналдо

Килијан Мбапе

Се вчитува...