Красимир Балаков ќе биде нов селектор на Бугарија

Прославениот фудбалски ас Красимир Балаков ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија, информираат медиумите кај нашиот источен сосед. Тој во моментот е тренер на Етар Велико Трново, а на селекторската функција треба да го замени Петар Хубчев.

Балаков ќе дебитира во јунскиот прозорец од квалификациите кога Бугарија за противници ги има селекциите на Чешка и на Косово. Тој беше еден од најистакнатите поединци во генерацијата на Бугарија што го освои четвртото место на Светското првенство во 1994 година, заедно со Христо Стоичков. Тој од 2018 година е на кормилото на Етар Велико Трново, а претходно беше тренер и во Левски, Кајзерслаутерн, Хајдук Сплит, Черноморец, Сент Гален и Грасхоперс.

Се вчитува...