Кратовци не издржаа – Петрокуб во 95. минута ги урна „европските сни“ на Силекс (ВИДЕО)

Куп освојувачот Силекс доживеа елиминација во 1. коло од Конференциската лига на УЕФА откако на несреќен начи во самиот финиш прими гол на гостувањето кај молдавски Петрокуб.

Херој за молдавскиот тим беше Михаил Платика кој во 95. минута со удар со глава по корнер го постигна голот за 1-0 и конечен триумф.

За потсетување првиот натпревар во Скопје заврши 1-1, но поради укинување на правилото гол во гости мечот ќе заминеше во продолженија доколку по 90 минути беше 0-0.

Силекс по трагичниот пораз се насочува кон тоа што поскоро да се врати во елитата во домашниот шампионат.

 

Се вчитува...