Крауч со „божја рака“ му даде гол на Арсенал (видео)

Питер Крауч влезе во игра во второто полувреме од мечот Стоук – Арсенал и веднаш внесе неизвесност во овој премиерлигашки дуел, и тоа со погодок постигнат со „божја рака“.

Арнаутовиќ нафрли од левата страна, Крауч во немоќ да стигне со глава, но затоа со рака умешно ја смести топката во мрежата. Судијата Дин не забележа што се случи, а интересно е што не забележаа ниту фудбалерите на Арсенал, кои не побараа да биде поништен погодокот.

Со овој контроверзен погодок Стоук намали на 1-2, но само ги налути гостите кои повторно притиснаа и си ја осигураа победата.

Се вчитува...