Крејчи и донесе победа на Чешка, Шведска сигурна против Словачка

Хокеарите на Чешка стигнаа до првата победа на турнирот на Зимските олимписки игри, откако во 2. коло по изведување на пенали славеа над Швајцарија со 2-1. Единствениот пенал кој беше реализиран беше дело на легендарниот Давид Крејчи.

Во регуларниот период се се случи во првата третина. Чесите постигнаа гол за водство преку Смејкал во петатата минута, додека на 1-1 израмни Хаас четири минути подоцона. Во останатите две третини мрежите мируваа, а истото се случи и во продолжението од пет минути каде се играше три на три.

Шведска ја оправда фаворитската улога против Словачка совладувајќи ја со 4-1 во меч од 2. коло од Ц групата. Веќе по првата третина Швеѓаните ги решија сите дилеми околу победникот добивајќи ја со 3-0 со головите на Нордсторм, Валмарк и Фриберг. До крајот само рутински го приведоа мечот. Вторите 20 минути поминаа без погодоци, додека во последната третина двата тима постигнаа по еден погодок за конечни 4-1.

Се вчитува...