Кремонезе и Лече ќе одлучуваат кој ќе биде последниот тим кој ќе опстане во Серија А (ВИДЕО)

Останува само уште една непознаница во италијанскиот шампионат, а тоа е дали Лече или пак Кремонезе ќе замине во Серија Б следната сезона. И двата тима вечерва триумфираа на своите мечеви, па Лече со предност од еден бод влегува во последното коло.

Лече вечерва славеше на гостувањето кај Сасуоло со 1-2. Гостите поведоа со голот на Чедира во 14. минута (0-1). Сасуоло на 1-1 израмни преку Лауриенте во 20. минута, додека Чедира со својот втор гол во 25. минута донесе водство од 1-2. На 2-2 израмни Пинамонти во 82. минута, додека конечните 2-3 беа дело на Штулиќ во 96. минута.

Кремонезе пак стигна до победа на гостувањето кај Удинезе од минимали 0-1. Херој за гостите беше Џејми Варди со својот гол во 9. минута.

Udinese 0-1 Cremonese – Jamie Vardy 9'
byu/977x insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...