Крхин: Секој меч е тежок, Македонија има силен тим

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Словенечката репрезентација има максимален респект кон Македонија, а фудбалерот за врска Рене Крхин очекува тежок натпревар утре на “Стожице”.

“Македонија има квалитетен тим и ние имаме голем респект за составот чиј предводник е Горан Пандев. Тој е мој добар пријател, одличен фудбалер и се надевам дека ќе можеме да го сопреме. Ние ќе треба да создадеме една нова енергија со навивачите и се надевам дека ќе успееме да славиме” – изјави Рене Крхин.

Се вчитува...