Криштопанс: Колку ќе можам да го заменам Душебаев, тоа знае само тренерот

Највисокиот играч во Лигата на шампионите, десниот бек Даинис Криштопанс (213 см) од следната сезона ќе го гледаме во дресот на Вардар. Летонскиот репрезентативец е единственото интернационално засилување за Вардар во новата сезона во која „црвено-црните“ ќе ја бранат европската титула во Лигата на шампионите. Тој доаѓа како замена за Алекс Душебаев кој по три години поминати во Вардар, летово се сели во Кјелце.

krishtopans1

Сите ме прашуваат околу тоа. Колку ќе можам да го заменам Душебаев, тоа знае само тренерот, но јас ќе дадам се од себе да го заменам достојно. Очекувам да играм и во одбрана и во напад и да победувам со Вардар, затоа дојдов тука“ – вели Криштопанс во интервјуто за клупскиот сајт на РК Вардар.

Летонскиот бек во Вардар дојде од белорускиот Мешков Брест. Со македонскиот шампион потпиша договор за три сезони и истакнува дека првите впечатоци од новата средина му се многу позитивни.

krishtopans-

„Имав и други понуди, но сметав дека Вардар е најдоброто решение за мене. Кога отидов во Брест, тимот растеше, но ја срешив да продолжам понатаму. И од она што го видов, сигурен сум дека не згрешив во изборот. Од друга страна, Вардар е европски шампион и сега сите ќе сакаат да не победат, да играат добро, а и ние ќе играме на повисоко ниво. Клубот има поголеми амбиции, а тоа се совпаѓа со она што и јас го сакам. Притисокот сега е можеби поголем, уште повеќе поради европската титула, но од натпревар во натпревар ќе биде полесно. Очекувам клубот да игра подеднакво добро како лани, па и јас лесно да се вклопам во сето тоа“ – истакнува Криштопанс.

Вардар неделава ќе тренира во Скопје, а потоа ги продолжува подготовките во Словенија. Од Словенија „црвено-црните“ продолжуваат во Германија каде ќе одиграат три контролни натпревари. Во последната недела од август ги очекува настапот на Супер Глоуб во Доха. А на почетокот на септември стартуваат во новата сезона во СЕХА лигата со градското дерби против Металург. Одбраната на титулата во ЛШ, вардарци ќе ја почнат со гостувањето во Полска против Висла Плоцк (13/17 септември.)

фото:РК Вардар

Се вчитува...