Кристал Палас бара 110 милиони евра од Арсенал за Вилфрид Заха

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас не сака да се откаже лесно од услугите на крилниот напаѓач Вилфрид Заха. Арсенал е заинтересиран за одличниот офанзивец, но раководството на Кристал Палас бара 110 милиони евра отштета за да му дозволи да се пресели на „Емирати“. Тоа е сепак огромна сума која Арсенал не може да си ја дозволи во овој момент.

Кристал Палас не сака да остане уште еден клучен играч ова лето, откако Арон Ван-Бисака направи трансфер во Манчестер Јунајтед. Тој за 55 милиони евра потпиша договор со „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...