Кристал Палас ја прекина серијата порази

Кристал Палас ја прекина серијата од три порази во Премиер-лигата откако избраниците на Патрик Виеира во последниот меч на денешната програма го совладаа Евертон со 3-1.

Галахер го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел Палас зголеми на 2-0 преку дефанзивецот Томкинс. Рафа Бенитез направи две измени, „резервистот“ Рондон успеа да намали на 2-1, но тоа беше се што Евертон можеше да стори на овој меч, па „карамелите“ го претрпеа осмиот овосезонски пораз. Домашните фудбалери пред самиот крај постигнаа и трет гол, втор за Галахер на овој натпревар.

Лестер го совлада Њукасл со убедливи 4-0, покажувајќи им на гостите дека ги очекува тешка борба за опстанок по новите загубени бодови. Тилеманс го отвори резултатот од пенал пред крајот на првото полувреме, за во вториот дел „лисиците“ да стигнат до убедлив триумф благодарение на погодоците на Дака, Тилеманс и Медисон.

Дуелот меѓу Барнли и Вест Хем заврши без голови, 0-0.

Се вчитува...