Кристал Палас ја запре серијата од 18 едноподруго победи на Манчестер сити!

Кристал Палас е тимот кој успеа пред новогодишната ноќ да ја запре победничката серија на Манчестер сити. Пред своите навивачи Кристал Палас во 21. коло успеа да извлече реми без голови против фаворизираните „граѓани“.

Домашните имаа можност и за триумф, но Миливојевиќ во 92. минута не успеа да реализира пенал за Кристал Палас, со што би го нанел првиот пораз на Сити сезонава во Премиер лигата.

Повеќе од четири месеци трае победничката низа на Манчестер сити во која составот на Пеп Гвардиола има неверојатни 18 едноподруго врзани победи во Премиер лигата. Претходно, последен пат „граѓаните“ немаа победа на 21. август кога ремизираа (1-1) со Евертон.

По ова реми, Манчестер сити има 59 бода на лидерската позиција, дури 14 повеќе од второпласираниот Челси. Манчестер јунајтед е на третото место со 44 бода, а Ливерпул на четвртата позиција со 41 бод.

Се вчитува...