Кристијан Ериксен се сели во Германија?

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен не се снајде баш најдобро по доаѓањето минатиот јануари во Интер. Тој најверојатно во следниот преоден рок ќе го напушти тимот од „Џузепе Меаца“, а како најнова варијанта се споменува негова преселба во германската Бундеслига.

Борусија Дортмунд е заинтересирана за услугите на одличниот Данец и планира во јануари да го доведе на позајмица. 28-годишникот само на три натпревари сезонава беше во стартната постава на „нероаѕурите“, а воглавно добива шанса од клупа.

Покрај Борусија Дортмунд, во игра за потписот на Ериксен е и францускиот шампион Пари Сен Жермен, кој сезонава има многу проблеми со средниот ред.

Се вчитува...