Кристијан Ериксен за првпат се појави во јавноста (ФОТО)

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен на отворањето на Европското првенство на мечот меѓу Данска и Финска доживеа срцев удар, но денес изгледа навистина добро.

Играчот за врска на Интер колабираше во првиот дел од мечот, но неговиот живот беше спасен благодарение на брзата реакција на лекарската служба. Вграден му беше дефибрилатор кој ќе ја регулира работата на неговото срце во иднина и поради тоа нема да може да игра во Италија.

Кон средината на месецов Ериксен би требало да отпатува во Милан со цел да се поздрави со соиграчите и евентуално да ги одработи лекарските тестови. Не е исклучено да му го отстранат дефибрилаторот и без проблеми да ја продолжи кариерата, доколку има услови за такво нешто.

Но, во меѓувреме, три недели по несреќниот настан, се појави и првата фотографија од Ериксен во јавноста.

Судејќи по фотографијата, Ериксен изгледа добро, насмеан е и позитивен, па се надеваме дека неговата состојба наскоро ќе биде уште подобра и дека ќе можеме повторно да го гледаме на терените.

Данските фудбалери во чест на Ериксен одиграа над своите можности и денес во четвртфиналето против Чешка ќе се борат за пласман во полуфиналето, каде ќе се соочат со победникот од мечот меѓу Англија и Украина.

 

 

 

Се вчитува...