Кристијан Стојкоски се враќа во Македонија ЃП

И дефинитивно Кристијан Стојкоски си заминува од Работнички, и кариерата ќе ја продолжи во Македонија ЃП. Практично, тој се враќа во таборот на „лавовите“ во младинските категории, па од 2012 до 2017 година. Играше и за Тетекс, Академија Пандев и сега во Работнички.

Стојкоски година и пол беше дел од „романтичарите“ и сега офанзвиниот фудбалер за врска се враќа во таборот на ѓорчепетровци. Имаше варијанта да се врати во Шкупи, меѓутоа таа можност пропадна.

Во таборот на Работнички веројатно ќе пристигне Симеон Христов како замена за Стојкоски. Христов досега играше во Тиквеш. Од Работнички засега си заминаа Позњак, Тантуровски, Османовски и Ристески, а пристигна Арменд Алими.

Се вчитува...