Кристијано: Јуве ме донесе за да победуваме на вакви средби

Скромноста никогаш не била карактерна особина на Кристијано Роналдо, па тоа не беше случај ниту по натпреварот со Атлетико Мадрид на кој Португалецот постигна хет-трик и го одведе Јувентус во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

„Затоа Јувентус ме донесе, за да помогнам да победуваме на вакви магични натпревари. Атлетико Мадрид е многу тежок ривал, но ние исто така сме моќен тим и мислам дека заслуживме да одиме понатаму. Пред мечот реков дека ќе ни биде неопходна специјална атмосфера, го добивме тоа и се пласиравме во следната рунда“ – истакна Роналдо.

Тој сепак не дозволува еуфорија по најавите на италијанските медиуми дека Јувентус покажа дека има тим зрел за титула во ЛШ.

„Дефинитивно, ова е менталитетот што е неопходен за да се победува во Лигата на шампионите. Сепак, погрешно е сега да се зборува за финалето или за освојување на пехарот. Одиме чекор по чекор, патот до врвот е долг“ – порача Кристијано Роналдо.

Се вчитува...