Кристијано Ронадло доби понуда од 225 милиони евра од клубот кој го бараше и Столе Димитриевски

Кристијано Роналдо и официјално го напушти Манчестер Јунајтед по интервјуто со Пирс Морган, а сега е слободен да ја бира новата дестинација. Португалецот кој ова лето одби пребогата понуда од Саудиска Арабија сега повторно е ставен во голема дилема откако на масата има тригодишен договор вреден 225 милиони евра од Ал Наср кој ова лето сакаше да го ангажира и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитиревски.

Во интервјуто со Морган, Роналдо изјави дека единствената пречка за прифаќање на богатата саудиска понуда бил Манчестер Јунајтед, односно амбициите да се освои титулата со „црвените ѓаволи“. Сега која оваа „пречка“ не постои ќе биде интересно да видиме дали 37-годишникот ќе се откаже од Лигата на Шампиони и ќе заплива во некои за него непознати води.

Роналдо кој на Светското првенство во Катар испиша историја како единствен играч кој постигнал гол на пет различни Мундијали во моментот е целосно фокусиран на репрезентативните обврски и се очекува одлука за иднината да донесе по крајот на настапот во дресот на Португалија.

Се вчитува...