Кристијано Роналдо има коронавирус!

Кристијано Роналдо е најновата фудбалска мегаѕвезда што е позитивна на коронавирус, објавија попладнево португалските медиуми.

Весникот „А Бола“ обелодени дека асот на Јувентус имал два позитивни тестови на Covid-19, по што го напуштил репрезентативниот табор и заминал во самоизолација. Тој ќе го пропушти претстојниот натпревар на Португалија против селекцијата на Шведска, но и неколку значајни натпревари на тимот на Јувентус.

„Кристијано Роналдо се чувствува добро, нема никакви симптоми и се наоѓа во самоизолација“, објави Португалската Фудбалска Федерација.

 

 

Се вчитува...