Португалија вечерва ќе го игра својот премиерен меч на овој мундијал против Конго, а Кристијано Роналдо веднаш ќе постави нов рекорд на светските шампионати.
Легендарниот голгетер со настапот од самиот почеток ќе стане највозрасен играч во поле (голманите не се земаат во предвид) што стартувал еден мундијалски меч.
Роналдо денеска има 41 година и 132 дена, повозрасни од него биле Ел Хадари од Египет и Мондрагон од Колумбија, но овие двајца се голмани, па Кристијано е единствениот играч во поле што на 41-годишна воараст ќе биде стартер на еден дуел од светските првенства.
Доколку успее да постигне погодок, Роналдо ќе испише историја како прв што се запишал меѓу стрелците на шест различни мундијали, нешто што му нема успеано дури ни на Лионел Меси (немаше погодок на СП 2010).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
