Кристијано Роналдо заминува од Саудиска Арабија!

Кристијано Роналдо е незадоволен во Саудиска Арабија поради невложувањето на неговиот тим Ал Наср во засилувања, за разлика од конкурентите кои постојано официјализираат бомбастични трансфери.

Легендарниот португалски фудбалер во договорот со Ал Наср има клаузула која му овозможува заминување во јуни 2026 година и истата ќе биде искористена, објави португалскиот медиум „Рекорд“ чиј сопственик е – Кристијано Ронадло!

Роналдо го бојкотираше денешниот натпревар против Ал Ријад и се чини дека неговите денови во Саудиска Арабија се броени.

За негов потпис постои интерес од повеќе клубови од Соединетите американски држави, како и најсилните европски првенства.

Роналдо кариерата ја започна во Спортинг по што следеа трансфери во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал Наср по краток период повторно поминат со „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...