Кривак дојде во Тетово: Ќе дадам се за да освојувам трофеи со Шкендија

Шкендија комплетираше уште еден трансфер откако денеска и официјално нов член на актуелниот првак на Македонија стана Јан Кривак. Овој 26-годишен словачки интернационалец денеска ги мина лекарските прегледи, по што го стави потписот на договорот со Шкендија, со важност од две и пол сезони.

„Пресреќен сум што добивам можност да играм за Шкендија и да се борам за освојување на трофеи. Доаѓам во најуспешниот клуб во Македонија во последните години, фактот дека ќе се борам за титули, но и за успех во Европа ме убеди да дојдам во Тетово. Им ветувам на навивачите дека ќе сторам се што можам за да помогнам во остварувањето на целите на клубот“, изјави Кривак.

Новото засилување на Шкендија доаѓа од чешкиот прволигаш Карвина, каде мина две сезони, откако претходно четири сезони го носеше дресот на словачкиот клуб Подбрезова.

Се вчитува...