Криза го тресе Металург: Странците не играат против Работнички

Металург очигледно се соочуваа со огромни финансиски проблеми, откако тренерот Зоран Кастратовиќ прв си замина од клубот, а на добар пат тоа да го сторат се и странските ракометари во таборот на клубот од „Автокоманда“.

Доказ за тоа е и денешниот натпревар меѓу Металург и Работнички, на кој новиот тренер Димитриоски не може да смета на ниту едно од неколкуте летни странски засилувањата на клубот. Тарабокија, Хорват, Рниќ, Потиќ и Канкараш воопшто не се во составот за овој натпревар, за кој Димитриоски може да смета само на 12 ракометари.

Во нормални услови би се рекло дека Металург и без помошта на странците може да го совлада Работнички, но ако се земат во предвид финансиските проблеми и заминувањето на Кастратовиќ, јасно е дека голема криза го тресе клубот од Автокоманда.

Останува надежта дека ситуацијата ќе биде разрешена за повторно да не дојде колапс како пред неколку години, кога клучните ракометари среде сезона го напуштија таборот на „металурзите“.

Се вчитува...