Кризата е минато: Реал Мадрид реди победи

Зинедин Зидан дефинитивно најде начин да ја надмине кризата во Реал Мадрид, предводејќи ги „кралевите“ до четврта победа во низа во сите натпреварувања. По триумфите над Севилја, Борусија Менхенгладбах и Атлетико Мадрид, избраниците на Зидан вечерва беа подобри и од Атлетик Билбао, славејќи со 3-1 за израмнување со Реал Сосиедад и со Атлетико Мадрид на делба на првото место на табелата (градскиот ривал има два меча помалку).

Клучен момент на вечерашниот натпревар беше 13. минута, кога судијата најпрвин не досуди пенал за гостите за стартот на Карвахал над Вилијамс, за неполна минута подоцна да му покаже црвен картон на Раул Гарсија. „Кралевите“ ја искористија предноста од играч повеќе и пред самиот крај на полувремето поведоа преку Тони Крос, но гостите од Баскија не се предадоа и во вториот дел израмнија со голот на Капа.

Сепак, фудбалерите на Атлетик немаа сили да го издржат темпото и да го одбранат ремито во Мадрид, па Реал стигна до три бода откако Бензема погоди со глава за 2-1, за во судиското продолжение конечните 3-1 да ги постави истиот фудбаалер, овојпат со удар со нога.

Се вчитува...