Кризата во Дортмунд нема крај, нова победа за Баерн

Борусија Дортмунд никако не успева да излезе од кризата што го тресе овој тим, па „милионерите“ и денеска загубија на домашен терен од Вердер со 1-2. Егештајн во 26.минута го најави изненадувањето, па иако Обамејанг израмни на стартот од вториот дел, сепак Гербе Селасие донесе важен триумф за гостите од Бремен.

Баерн Минхен оствари нов триумф, победувајќи со 0-1 на гости против Ајнтрахт Франкфурт. Артуро Видал го постигна единствениот гол на овој меч во 20.минута од средбата.

Лајпциг ремизираше дома против Мајнц (2-2), а Хамбургер и Волфсбург одиграа без голови.

Се вчитува...