Кркиќ на 32 години ја завршува кариерата

Некогашниот шпански репрезентативец Бојан Кркиќ Перез, во четврток ја завршува играчката кариера. Наводно оваа информација ја издал неговиот поранешен соиграч Џерард Пике кој открил дека Барселона ќе организира свеченост по повод повлекувањето на Кркиќ.

Пике во една емисија открил дека Кркиќ ќе ја прекине кариерата на 32 години. Некогашниот голем талент на Барселона, се гледаше како наследник на Лионел Меси, но никогаш не ја достигна неговата слава и кариера.

Кркиќ е дете на Барселона, а за првиот тим на „Каталонците“ дебитираше со 17 години и 19 дена. Одигра 153 меча за првиот тим на Барселона, а освои 10 пехари. Во 2011 година ја напушти екипата од „Ноу Камп“, а играше за Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавес, Монтреал и последен клуб му беше Висел Кобе, со кој ја прекина соработката.

Кркиќ одигра само еден меч за репрезентацијата на Шпанија, одбивајќи го повикот за Србија, од каде е неговиот татко кој играше некогаш за ОФК Белград, Сутјеска, Ријека и Раднички Ниш.

Се вчитува...