Крос: Германија ќе биде европски шампион

Фудбалерот од средниот ред на Германија, Тони Крос ги верува дека неговата репрезентација ќе триумфира на претстојното Европското првенство.

Германците се во група со Шкотска, Унгарија и Швајцарија, и тие први ќе го стартуваат турнирот, со меч против Шкотланѓаните.

– Кој ќе стане европски шампион? Германија! Можеме да се спротивставиме на нашите противници. Одбројувањето веќе започна, сакам да ги одиграм овие последни натпревари во мојата кариера на ист начин како што ги одиграв последните натпревари за Реал“, рече Крос.

Како што е познато, за Крос ова ќе биде последен пат да игра фудбал, а потоа ја завршува играчката кариера.

Се вчитува...