Крос ќе паузира две седмици

Германскиот интернационалец Тони Крос ќе паузира најмалку две седмици од фудбалските терени. Тој заработи истегнување на бутниот мускул на левата нога и препорачано му е строго мирување. Ова значи дека Германецот ќе пропушти два меча на Реал Мадрид, против Валјадолид и против Леванте, а нема да може да се стави на располагање на германскиот национален тим за претстојните обврски во Лигата на нации.

Тони Крос се повреди на истекот на првото полувреме од мечот против Бетис во Ла Лига и веднаш беше повлечен од игра, а на негово место во составот на „кралевите“ влезе Лука Модриќ.

Се вчитува...