Крос ќе замине од Реал ако дојде Белингем

Во последно време се погласни се шпекулациите дека Џуд Белингем од Борусија Дортмун ќе се пресели во Реал Мадрид. Сите во него гледаат замена за Лука Модриќ кој е веќе во сериозни фудбалски години.

Меѓутоа Модриќ нема ништо против да дојде Белингем и нема намера да замине во пензија, а најверојатно од таборот на „кралевите“ ќе замине Тони Крос.

Германецот не одигра колку што очекуваше сезонава, па доаѓањето на Белингем дополнително ќе ја намали неговата минутажа.

Наводно челници на Реал Мадрид веќе биле во Дортмунд на преговори со Англичанецот и го убедувале да дојде во Мадрид, иако за него е заинтересиран и Ливерпул.

Се вчитува...