Крос со радосна вест до фановите на Реал: Полека се враќам, половина година играв со големи болки

Германскиот играч за врска Тони Крос конечно тренира со тимот по закрепнувањето од повредата на препоните, поради што не играше на Европското првенство и ги пропушти настапите на Реал Мадрид во Примера и Лигата на шампионите.

Фудбалерот на „кралевите“ истакна дека заздравувањето оди во добар и посакуван правец.

„Многу сум задоволен што го завршив третиот тренинг со тимот, конечно можам да играм без болка по шест или седум месеци страдање. Се чувствува многу добро. Не играв три месеци и морам да се вратам во натпреварувачки ритам. Почнав да чувствувам болка во март, но не можев да направам пауза порано, бидејќи имав обврски пред мене. Бев и на одмор три недели мислејќи дека болката ќе помине, но тоа не беше така. Се чувствувам подготвен и се надевам дека ќе бидам дел од тимот за следниот натпревар“, изјави фудбалерот на Реал Мадрид, кој следниот натпревар ќе го одигра во вторник во Лигата на шампионите на домашен терен против молдавскиот шериф.

Крос (31) е член на Мадрид од 2014 година, а до неговото неодамнешно повлекување од репрезентацијата за германската репрезентација, одигра 106 натпревари и постигна 17 голови. Тој беше светски шампион со Германците во 2014 година во Бразил.

 

 

 

Се вчитува...