Крос: Тоа што го прават Гризман и Обамејанг се живи глупости

Тони Крос го критикуваше начинот на кој Антоан Гризман и Пјер-Емерик Обамејанг ги слават постигнатите голови, кој според него е претеран. Французинот е познат по прославата на головите врзана со мегапопуларната видеоигра Фортнајт, додека напаѓачот на Арсенал сака да „навлекува“ маски на бројни суперхерои.

„За мене тоа е многу смешно, а најлошо е што ги кријат тие некои предмети во заштитниците. Па, потоа ги вадат тие маски и слават… Смешно! Тоа е навистина премногу“ – вели Крос и дополнува:

„Тоа е лоша порака за младите, тоа се глупости. Мене ми е преубаво да го гледам, на пример, Герд Милер како ги прославува головите. Кај него се гледа дека е искрено среќен и ништо повеќе. Таму нема театар“.

Се вчитува...