Крос во одбрано друштво – со Роналдо, Златан, Пирло…

Тони Крос го отвори резултатот на мечот Галатасарај – Реал Мадрид, со што германскиот ас успеа да се запише меѓу стрелците на својот јубилеен, стоти натпревар во Лигата на шампионите.

Плејмејкерот на Реал е само петтиот ас кој успеал да постигне гол на овој јубилеј во ЛШ, па со голот во Истанбул тој се приклучи на елитното друштво на кое досега припаѓаа Тиери Анри, Златан Ибрахимовиќ, Кристијано Роналдо и Андреа Пирло.

 

Goal on his 100th appearance in champions league. Toni Kroos pic.twitter.com/Y9lmr4NDn8

Се вчитува...