Крос за „Суперлигата“: Дали се заморивте од Федерер и Надал?

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос го разбранува фудбалскиот свет со својата најнова изјава за можното формирање на Суперлигата.

Говорејќи во подкаст чиј домаќин е неговиот брат Феликс, Тони Крос ги коментираше приказните за можното лансирање на Суперлига која ќе ги собере најголемите клубови во Европа и полека ќе ја затвори вратата за сите оние кои не би се вклопил во таа приказна.

„Дали сте уморни од гледање на мечеви меѓу Федерер и Надал? Јас не. Тоа е мое мислење. Мислам дека можеме да привлечеме навивачи и сосема поинаков ентузијазам кај неутрален навивач бидејќи овие натпревари не би ги гледале само навивачите на тие клубови, туку и неутралните навивачи“, изјави Крос. 

Се вчитува...