Крозби опериран го пропушта стартот на новата НХЛ сезона

Еден од најдобрите хокеари на сите времиња, Сидни Крозби ќе го пропушти почетокот на сезоната во НХЛ лигата. Неверојатниот Канаѓанец го оперираше скочниот зглоб на левата нога и се очекува да паузира најмалку шест недели. Тоа значи дека сигурно нема да може да ги предводи Питсбург Пингвинс во првиот меч против Тампа Беј кој е закажан за 12. октомври.

„Не е ова нова повреда за Сидни. Го мачи веќе подолго време. После многу проценки одлучивме дека најдобро решение е операција. Веруваме дека ќе се врати уште посилен“, изјави генералниот менаџер Рон Хекстал, Питсбург. 

34-годишниот Крозби ќе ја почне 17 сезона во НХЛ лигата. Има три шампионски титули, а двапати беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...