Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски го обнови договорот со Сараево. Тој ќе остане во босанскиот клуб до 2021 година. Велкоски е капитен на тимот и еден од најдобрите фудбалери на Сараево.
„Драго ми е што успеавме да се договориме со раководството и среќен сум што и во наредниот период ќе ги бранам боите на Сараево. Се надевам дека со заеднички сили ќе успееме да ги оствариме нашите планови“, изјави Крсте Велкоски.
Македонскиот репрезентативец имаше понуда и од Далечниот Исток, но одлучи да остане во Сараево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА