Крсте Велкоски повторно стрелец, нова победа за Сараево… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски го запиша и деветтиот гол сезонава во дресот на Сараево.

Сараево во 20. коло од шампионатот на БиХ славеше со 0-3 на гостувањето против Тузла, а Велкоски го постигна првиот гол за гостите уште во 6. минута од средбата…

Сараево по оваа победа со 46 бода се зацврсти на врвот од табелата, сега со осум бода предност во однос на второпласираниот Зрински.

Се вчитува...