Македонската кошаркарска репрезентација во второто коло од претквалификациите за Европското првенство 2025 силите ќе си ги одмери со Словачка, Данска и Норвешка. Групата е по мерак за „црвено-жолтите“, но проблемот се јавува во промената на натпреварувачкиот систем според кој само првопласираната репрезентација ќе се најде во следната фаза.
Импресиите од денешната ждрепка во Минхен ги сподели еден од најискусните во составот Бојан Крстевски кој вели дека доколку сме комплетни голема е шансата за првото место во групата.
„Словачка ни е многу добро познат противник бидејќи и во претходните претквалификации игравме со нив и имаме позитивен биланс. За Норвешка и Данска немам многу информации, но како што ќе доаѓаат натпреварите, ќе се подготвуваме за нив и ќе ги анализираме. Единствено посакувам ние да бидеме во што поголем број, односно комплетни да ги дочекаме дуелите што претстојат. Во таков случај верувам во позитивен исход и пласман во главните квалификации“, вели Крстевски.
Првиот предизвик за избраниците на Драган Бајиќ ќе биде репрезентацијата на Данска на гостински терен во натпревар кој ќе биде одигран во август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА