Крстевски и Ташовски уште две сезони во ТФT

Дамјан Крстевски и Виктор Ташовски и во следните две години ќе го носат дресот на освојувачот на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2022 година, ТФТ.

Крилото го засили тимот оваа сезона, а досега на 12. одиграни средби во Првата лига бележи просек од 3.9 поени и 4.1 скока, додека на девет настапи во АБА2 првенството 2.2 поени и 2.6 скока.

Бекот пак е веќе две сезони дел од „црно-белите“, а оваа сезона реализира 10.7 поени и 2.6 асистенции на домашниот фронт, односно 10.0 поени и 2.0 скока во регионалното првенство.

Се вчитува...