Крстевски: Шпанија може да извади пет тима што се силни, ова е добар тест да видиме до каде сме

ЕКИПА во Сарагоса,

Стеван Цаневски

Бојан Крстевски е најискусниот на центарската позиција во националниот тим, откако за претстојниот јулски двомеч нашата селекција остана и без Американецот Вајли.

Според центарот на МЗТ Скопје, денешниот меч во Сарагоса против Шпанија е идеална можност за согледување на можностите, пред се на помладите кошаркари. Шпанците ќе настапат без ниту една од своите суперѕвезди, но јасно е дека оваа репрезентација е супер-квалитетна без оглед на ростерот што за денешниот меч го избра селекторот Скариоло.

„Шпанија слободно може да извади пет тима со кои може да игра на големи натпреварувања или квалификации. Имаат променет состав за разлика од натпреварот во Скопје, но сепак тоа се квалитетни играчи. Ние сме мотивирани, ја претставуваме Македонија, играме против Шпанија. Овој меч е добар тест за нас, за младите, да видиме до каде сме против играчи од највисок ранг. Нам ни останува да одиграме максимално храбро и пожтвувано, да се покажеме во најдобро светло. Да немаме изгубени топки, да не им дозволиме лесни поени од транзиција, да ги смалиме грешките на минимум“, вели Бојан Крстевски.

Се вчитува...